(ВИДЕО) Заев: Следува мирен и брз трансфер на власта

“Почитувани граѓани, ова е голем историски ден за Р.Македонија. Во рака држам 67 потписи на пратеници од македонското собрание кои што гарантираат можност за нова влада. Овие потписи овозможуваат да заврши кризата и конечно државата да се придвижи напред во функција на враќање на животот во Македонија.” – изјави претседателот на СДСМ пред средбата со Иванов.

“Очекувам Иванов да го врачи мандатот во најбрзо можно време за да може да отпочнеме преговори за создавање и формирање на нова влада за граѓаните на Македонија. Следува мирен и брз трансфер на власта во Република Македонија.” – рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e