(ВИДЕО) Во „Водовод“ бил вработен и стоматолог

Специјалното јавно обвинителство, ревизори и други институции го проверуваат јавното претпријатие Водовод и канализација во Скопје, открива за Телевизија 24, директорот Душко Весковски.

Адвокати и нотари остварувале солидни финасиски бенефити од водовод, а имало и апсурни вработувања. Весковски вели дека има вработен и стомотолог и напоменува дека во рамки на претпријатието не постои ординација каде што стоматологот би ја вршел својата дејност. Тој потсетува дека меѓу вработените се евидентирани и такви кои со години земале плата, а не доаѓале на работа. Претпријатието плива во долгови. Многу државни институции во минатото не плаќале сметки за вода. Весковски открива дека само Клиничкиот центар изминатиов период 10 години не плаќал за вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e