(ВИДЕО) Тешко болен маж од Карбинци, живее во глад, студ и без лекови

Премрзнат, гладен и болен. Вака не живее, туку полека умира 50 годишниот Станко Анакиев од Карбинци.  Последните десетина екстремно сурови денови, тој ги поминал неподвижен, гладен и премрзнат во студената соба.

Душата после една година страдање Станко денеска си ја отвори пред својот долгогодишен другар, кој по 20 години, дојде да го види од Италија.

Овде оставил силен човек, а затекна скршен и понижен старец, дотепан од животот и тагата по смртта на неговиот 24 годишен син, единствениот кој се грижел за него. Сега е препуштен на сопствената немоќ и зависен од институциите кои го заборавиле:

  • Немам социјална помош. Ми дадоа одговор дека имам услови за егзистенција, изјави Станко Анакиев.

Освен што Станко бил одбиен за социјална помош, пред 4 месеци му била исклучена и струјата, па зимата освен без храна и во студ, Станко ја минува и во мрак и без топла вода.

  • 4 месеци немам струја. Никој не дојде да помогне. Нема кој да дојде, изјави Станко.

И онака лошата здравствена состојба дополнително му се влошила откако дојде студот.

  • Една година сум во постела. Имам болки тука, во градите, изјави Станко Анакиев.

Единствената помош на Станко денеска му ја даде само Мире.

  • Оваа ситуација е многу лоша. Ова е жално. Треба да му се даде институционална помош. Ова е срамота. Ова во Европа го нема. Погледни што е ова. Во Италија кучињата и мачињата живеат подобро. Не можам да зборувам повеќе…, со солзи во очите заврши Мире Ѓоргиев.

Станко не испрати од постела само со поглед во кој се криеше многу надеж дека можеби повторно, некогаш среќниот семеен човек, ќе ја почувствува топлината на домот.

Извор: Телевизија Стар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e