(ВИДЕО) Талат Џафери: И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прифатија Албанец да биде претседател на Собрание

На конститутивната седница што ќе се одржи во понеделник, се очекува да се избере новиот спикер. Талат Џафери од ДУИ, за емисијата КЛИК ПЛУС на ТВ 21 рече дека претседателот на Собранието ќе биде Албанец, откако претходно двете партии, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, се согласија со тоа.

Но, Фадиљ Зендели од Движење Беса вели дека преку претседателот се блокира процесот од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

И универзитетскиот професор Ќашиф Бакиу рече дека СДСМ треба само да го поддржи албанскиот кандидат  кој ќе раководи со Собранието.

Аналитичарот Рамадан Рамадани се сомнева дека ДУИ има договор со ВМРО-ДПМНЕ за одложување на процесот за формирање на Влада.

Сите учесници на дебатата се согласија дека претседателот Иванов е марионета на ВМРО-ДПМНЕ и дека не постапува според законите кои произлегуваат од Уставот на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e