(ВИДЕО) Специјална комисија ќе врши ревизија како се делело земјоделското земјиште

Специјална комисија ќе врши ревизија како се делело земјоделскто земјиште, најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски при вчерашното гостување во вестите на ТВ 24. Во моментов комисијата бара правен модел како ќе ја стартува истрагата, кој треба да го презентира на една од следните владини седници. По завршувањето на ревизијата ќе се предложат соодветени решенија за правилна распредлба на земјиштето, и што со земјиштето за кое кое било незаконски доделувано.

„Земјиштето мора да биде во рацете на вистинските земјоделци, зошто синџирот на криминалот во земјоделските политики, потекнуваше од претходната власта, токму од поделбата на ова земјиште. Подготвуваме комисијата како тоа правно би го спакувале, за да во најкраток можен рок да доставиме решение пред Владата, да информираме и да ги добиеме одлуките со кои би можеле да ја започнеме оваа ревизија како е доделено ова земјиште.“ – изјави Љупчо Николовски, министерот за земјоделство.

Освен за земјиштето, истата комисија ќе спроведе истрага и на распределбата на субвенциитге. Николовски изјави дека поради проблемите кои ги затекнале во Платежната агенција и во министерството, ќе се пробие рокот за исплата на субвенциите за 2016 година, а ќе се продолжи и рокот за аплицирање за годинешните субвенции.. На една од следните седници најави разрешување на сегашниот и поставување на нов директор на Платежната агенција.
„Ги правиме сите напори за да овозможиме забрзана исплата на субвенциите, односно отстранување на сите пречки кои постојат. Ги анализираме длабински состојбите во Платежната агенција, особено оние кои се случувале во последните месеци и ќе иницираме одговорност за секој чинител кој неодговорно се однесувал. Тоа сето е на грбот на земјоделците кои не можат заради тој однос да си ги добијат навремено своите сретства.“ – изјави Николовски.
Во текот на минатата недела во Министерството за финансии не стигнал ниту еден налог од Платежната агенција за исплата на субвенции. Последната транша беше на почетокот на месецов кога дојде новото раководство во финансии. За 2016 треба да се досиплатат уште 32,5 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e