(ВИДЕО) Премиерот Заев побара снимката за “Поткуп” да се емитува јавно, судот дозволи

Адвокатите на Зоран Заев на почетокот на денешното рочиштето за „Поткуп“ побараа од судот јавноста да присуствува на гледањето на снимките како доказ, бидејќи според нив снимките кои беа објавени на „Јутјуб“ биле нецелосни.

Обвинителите од ОЈО се против ова барање. Обвинителката од ОЈО Валентина Бислимовска кажа дека станува збор за класифицирани материјали, што се декласифицирани само за судењето.

И Заев побара да биде вклучена јавноста за, како што рече, да си поврати дел од изгубената чест.

Заев рече и дека преку снимката која не била целосно прикажана во јавноста, ќе се докаже дека тој апсолутно немал намера да прими поткуп. Го замоли Судот да овозможи пристап на јавноста во сите докази кои ќе бидат приложени на рочишата и што е можно побрзо да се закажуваат судските рочишта.

Судот пак одлучи да го прифати предлогот на адвокатите на премиерот Зоран Заев јавноста да присуствува на гледањето на снимките како доказ, бидејќи според нив снимките кои беа објавени на „Јутјуб“ биле нецелосни.

Наредното рочиште на кое јавноста ќе има можност да ја види целата снимка е закажана за 26 Март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e