(ВИДЕО) Николовски: Остануваме фокусирани на развојот на лозарството и винарството, преку поголема финансиска поддршка

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и советничката за земјоделство, Ленче Николовска, денеска во Кавадарци и во Неготино, присуствуваа на одбележувањето на празникот на лозарите и винарите, Св. Трифун.

При посетата на Кавадарци, премиерот Заев и министерот Николовски остварија средба со присутните граѓани на централниот плоштад во Кавадарци.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николоски, ги информираше лозарите за новите мерки во програмата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

„Оваа година со Програмата предвидуваме зголемување на субвенциите за сите лозари кои имаат помеѓу 1 и 10 хектари под лозови насади. Нашата интенција како политика ќе биде да ги стимулираме да го модернизираат производството, и да даваме уште поголема поддршка на категоријата на земјоделци кои што навистина може да го донесат развојот.Новина во Програмата за 2018-та година е дополнителната финансиска поддршка од 12.000 по хектар за рекоснтруиран лозов насад заради промена на сортна структура. Во Програмата за рурален развој се предвидени мерки за кофинасирање на трошоците за нови насади, каматни стапки , како зголемена финансиска поддршка а саемските манифестации кои што се важни за промоција на македонските вина“, изјави министерот Николовски.

Во рамки на посетата Премиерот Заев и министерот Николовски ќе ги посетија и винариите Тиквеш во Лепово, Неготивно Попова Кула и винарницата Кралица Марија во Демир Капија, каде учествуваа на хуманитарна акција, традиционалното закројување на лозјето и дегустација на вина.

27752581_2104796736408521_1802150469383865278_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ