(ВИДЕО) Наков: Треба да се бара одговорност од судиите

Претседателите на судови, кои делеле предмети кај судии рачно и по телефон, треба да одговараат кривично, смета поранешниот обвинител Александар Наков во изјава за Алсат-М. Според него, финалниот извештај на Министерството за правда по проверката на електронскиот систем за распределба на предмети, познат како АКМИС, покажал дека претседателите ја злоупотребиле службената положба, евентуално штелувајќи ги распоредите на судии и така го изигрувале системот.

Со самото тоа тие прават кривично дело, злоупотреба на службената положба. Зошто? Го избегнуваат користењето на на АКМИС-от кој прави распоред без местенки. Тие на рака ги делеле на судиите, кои ја вршеле задачата по наредба на претседателот“, рече Александар Наков, поранешен обвинител.

Инспекцијата во судовите покажа дека пракса во Кривичниот и Врховниот суд била често да се менуваат распоредите, што е спротивно на правилниците. Од правда не посочија со прст кои претседатели на судови телефонски нарачувале кој судија кој предмет да го суди. Но, периодот на проверка на системот, покажува дека евентуалните манипулации во Врховен се случувале откако него го презеде Јово Вангеловски, а Кривичниот го водеше Владимир Панчевски. Но, токму Панчевски во интервју за Алсат М пред два месеца тврдеше дека не го изигрувал системот.

„Никогаш не сум местел предмети. Тие се поставувале во АКМИС системот, тоа го работат службите. Јас лично сум само претседател на судот и водам сметка за законитото работење на судот како што било за цело време додека сум работел“, рече Панчевски.

Министерството за правда, извештајот со злоупотреби на АКМИС-от во судовите, ќе го испрати до Судскиот совет, до Основното и Специјално обвинителство. Засега реакција на наодите на комисијата најави Врховен, но дури за в понеделник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e