(ВИДЕО) Мијалков, Јанкулоска, Јанакиески, Ставрески и Вељаноски на Филхармонија, дел во први редови дел во последен

Речиси целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваше на отварањето на новата филхармонија, која е пуштена во употреба без последните проверки на објектот.

На отварањето освен претседателот Ѓорге Иванов, премиерот во заминување Емил Димитриев, министерот за здравство, Никола Тодоров и министерката за култура, Елизабета Канчевска Милеска, присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, неговиот братучед и екс директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните министри Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Зоран Ставрески. На отварањето дојде и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пратеникот Крсто Јовановски и градоначалниците со истечен мандат, Коце Трајановски и Ивица Коневски.

За разлика од сите поранешни функионери кои седеа во последни редови од новата сала на Филхармонијата, Никола Груевски и неговата сопруга беа сместени во средниот ред, онаму каде што седеа претседателот Иванов и премиерот Димитриев.

Министерката во заминување, Канчевска Милеска претходно во изјава за медиумите рече дека ниту еден политичар не добил покана за присуство, туку дека сите си купиле карта за настанот иако никој од нив не покажа карта на влез во салата.

Извор: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e