(ВИДЕО) Како се трошело во ДИК? Ова се деталите

Членовите на ДИК не добиле дополнителни компензации за нивната работа само за последните локални и парламентарни избори, туку себеси си се почестиле и во април минатата година за кога беа планирани, а подоцна одложени парламентарните избори. Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски во објаснувањето за новинарите пред да ја започне дебатата на седницата за враќање на земените пари, изјави дека не чувствува бидејќи, како што рече, сè било законски.

„Оваа одлука која е предмет на денешната расправа дека не го издржа судот на јавноста, тоа е повеќе од очигледно и затоа и јас давам изјава, бидејќи не постојат правни можности да биде отповикана одлуката, ќе ги разгледам правните можности, надоместоците кои ни се исплатени или треба да бидат, да ги вратам или во буџет или доколку не постои таква правна можност да ги донирам на организации.“ – изјави Александар Чичаковски, Претседател на ДИК

И некои од членовите на ДИК кои зборуваат за јавноста, се правдаа дека сè што земале било законски.

„Ќе ги вратам парите односно донирам не дека не ги заслужувам, ги заслужувам во целост, затоа што оваа Комисија работеше 20 од 24 часа. А, некој што мисли дека земал помалку јас ви гарантирам дека тој не треба ни толку да земе бидејќи само тој што не работи малку му се…“ – посочи Виолета Дума, Членка на ДИК

„И овие четири плати кои фамозно се пренесуваат или ќе ги вратам во буџетот сè со цел да објаснам на јавноста дека на моето семејство не му се потребни пари за свеќи и за пченица.“ – рече Сашо Срцев, Член на ДИК

На крајот, сите членови на ДИК едногласно гласаа да го вратат бонусот од четири месеци определен за локалните избори во октомври.

Но, оваа епизода го отвора прашањето колку чинело едногодишното работење на Државната изборна комисија, откако на претседателската функција стапи Александар Чичаковски кон крајот на 2015 – тата година?

Алсат М преку алатката за слободен пристап до информации од јавен карактер побара податоци за платите на членовите на Комисијата, за исплатени надоместоци, дневници за патувања, за храна и пијалоци во бифето – во периодот од именувањето на Чичаковски од средината на декември пред две години, па до пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во 2016 – та. Токму во тој временски период, од скоро една година, по разни основи, на членовите им се исплатени речиси 10 милиони денари или 161 илјада евра.

Платите, според податоците што ги добивме, се движат од 1.000, па до 1.150 евра месечно за секој член. Во јуни 2016 – та, сите си поделиле од 3.000 до 3.600 евра како надоместок. Во ставката патни трошоци доминира Силвана Бонева со високи 708.000 денари или 11.500 евра за 10 месеци работа во ДИК односно по 1.150 евра месечно.

Бедреин Ибраими добил 3.220 евра, Субхи Јакупи половина од оваа сума – односно 1.560 евра. На Чичаковски му се исплатени скромни 61 евро за патни трошоци.

Но, освен овие пари, членовите на ДИК, на сметка на комисијата можеле да јадат и пијат во бифето. Така, за претседателот Чичаковски во бифето биле трошени од 45 до 150 евра месечно или за 10 месеци – 1.000 евра. Најскромен бил Атанас Урумов кој испил и изел само 260 евра.

Извор: Алсат-М

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e