(ВИДЕО) Како изгледаат имотните листови на ВМРО-ДПМНЕ

Станбено деловни згради, куќи, комерцијални објекти, градежно и земјелоделско земјиште во над 10 града низ земјава – вака изгледаат имотните листови на партијата ВМРО-ДПМНЕ, пренесува ТВ24.

Катастарските податоци покажуваат дека партијата која СЈО ја сомничи дека имотот го стекнала на незаконски начин, поседува објекти од различна намена и со различна квадратура во Скопје, Битола, Виница , Кратово, Пробиштип, Радовиш, Струмица, Неготино, Велес и други градови. Дел од имотните листови се водат како заедничка сопственост, а дел се во сопственост на партијата.

Еве дел од имотните листови на ВМРО ДПМНЕ:

Во Кратово партијата поседува пет мали комерцијални единици, во Пробиштип партијта има објект со намена култура од 102 метри квадратни, во Берово на имае на ВМРО се водат три станбени куќи, 164 метри квадратни градежно земјиште, и две парцели со земјиште под зграда.

СЈО отвори истрага за над 30 недвижни имоти на ВМРО-ДПМНЕ, но Кривичниот совет ги отфрли барањата за замрзнување на имот.

„Очигледно линкот и меѓусебните односи меѓу добар дел од судиите и партијата се на посериозна основа и тоа значи дека и натаму треба да се очекува сериозни опструкции. Од најсиромашна земја да имаме најголем имот, не знам што мислат овие судии, но ќе дојде време и тие ќе одговараат за своите постапки.“ – вели Гордан Калајџиев, универзитетски професор.

За барањата на СЈО, одлучувале Верка Петковска претседател на Советот на судии кој во јавноста е позната по процесот „Диво насеље“. Дел од судиите членови се Татјана Михајлова која во води случајот „Шамари во Центар“, против Никола Груевски и која ги отфрли бомбите на СЈО за овој предмет, Горан Гошевски на кого сега му е доделен случајот „Сопот“.

Во случајот „Талир“ што го отвори СЈО првоосомничен е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и уште десет високи партиски функционери кои се сомничат за незаконско финансирање на партијата, перење пари и злоупотреба на службена положба и овластување, од што на партиската сметка незаконски легнале пет милиони евра. По одлуката на Кривичниот суд, СЈО нема право на жалба, но според експертите доколку се најдат нови докази може повторно да се побара замрзнување на спорниот имот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e