(ВИДЕО) ДИК ги објави одлуките за делење на бонуси, за 18 месеци земале 30 плати

Членовите на државната изборна комисија добивале основна плата од околу 60.000 денари. Дел од членовите на ДИК денеска јавно ги објавија платите кои ги добивале, по лавината реакции во јавноста за дополнителните надоместоци кои си ги изгласале за локалните и пралемнтарните избори. На основната сума од 60.000 денари, е пресметан и коефициент за минат труд.

Во разговор за Телевизија 24, Претседателот на комисијата Чичаковски рече дека има плата од 64 илјади денари со преместаниот минат труд, Бонева изјави дека нејзината плата вкупно е околу 68 илјади денари, а Игор Милев откри дека добивал плата од 62 илјади денари. Потврдуваат дека парите ќе ги донираат. Александар Чичаковски на здружение кое се бори за правата на пациентите, Игор Милев најави дека ќе се обиде да ги врати назад во буџетот, а Бонева ќе ги почека и останатите членови за заеднички да ги донираат таму каде што е најпотребно. Останатите членови на ДИК денеска не беа расположени да ги откријат платите. Со став за дополнителните надоместоци на членовите на Дик, денеска од владата велат дека јавноста со право реагира.

„ДИК е независно тело и секој буџетски корисник сам ги распределува парите во рамките на нивниот буџет. Но, потенцирам дека ниту Министерството за финансии, ниту Владата немаа информација во однос на бонусите кои што се исплатени. Владата многу пати досега се има изјаснети околку овие ненаменски и непродуктивни трошења  дека е потребно нивно кратење.“ – изјави Миле Бошњаковски.

Според информацијата од ДИК сите членови земале дополнителни 12 нето плати. Четири за последните избори, За закажаните, а неодржани избори во април минатата година, членовите на ДИК си поделиле три плати. Пет плати бонус, пак, зеле за предвремените парламентарни избори. Тоа значи дека членовите на Дик земале по 12 тина илјади евра бонуси, или вкупно за членовирте на ДИК над 100 илјади евра. Допиолнително се исплатени и суми на администрацијата.

Дополнителните средства кои членовите на ДИК си ги доделиле дојдоа во фокусот на јавноста откако американскиот амбасадор Џес Бејли јавно пред студентите на безбедност ги посочи како пример за корумпирана институција и нетранспарентно работење. Во таа прилика Бејли изјави дека не е сигурен дали е целата постапка легална или не, но нетранспарентноста на одлуката за доделување бонуси фрлила сенка врз работењето на комисијата.

ТВ 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e