(ВИДЕО) Целиот говор на Николовски на митингот во Кр.Паланка

“Добровечер мои сограѓани, добровечер Крива Паланка, добровечер Македонијо!

Вечерва сум посебно среќен и горд што ја имам честа во мојот роден град, во мојата Крива Паланка, пред вас моите сограѓани да зборувам за важноста на историскиот момент што е исправен пред сите нас.” – вака го започна својот говор, кандидатот за пратеник од СДСМ и носител во Изборната единица 3, Љупчо Николовски.

“Уште само 5 дена не делат од големата историска одлука со која имаме вистинска шанса да си го вратиме животот во Македонија.

ЈАС цврсто верувам во моите сограѓани, и знам дека мојата КРИВА ПАЛАНКА одамна е на страната на ЖИВОТОТ!

Оваа животна енергија што блика од секој од вас, оваа желба за ЖИВОТ да ја преточиме во гласови на 11 декември и да го испратиме овој РЕЖИМ на црните страници од историјата!” – рече Николовски.

ljupcho

“Почитувани граѓани, нашето најсилно оружје против оние кои ни украдоа 10 години од нашиот живот е ГЛАСОТ на 11 декември!

Овие избори не се за партија! Овие избори се многу повеќе од одлука за партија! Ова е историска одлука за вашиот живот, одлука за иднината на вашите деца и внуци, одлука за МАкедонија!

Заедно со вас МОЖЕМЕ да се избориме за сигурна иднина затоа што ВЕРУВАМЕ во МАКЕДОНИЈА! – нагласи кандидатот на СДСМ.

15380870_1884224598465737_3733576905190530849_n

“Почитувани сограѓани,

Низ овие улици на Крива Паланка растев и чекорев заедно со вас! Секоја уличка и секое сокаче на Крива Паланка добро ги познавам. Го знам градот како дише! Крива Паланка е моето прибежиште за мир. Ете така го доживувам мојот роден град. Но овој мој град како и цела Македонија одамна стрепи во немир.

Наши сограѓани па и цели семејства како и насекаде во Македонија тонат во се подлабока сиромаштија. Над 500.000 граѓани од оваа наша Македонија фамилијата на власт осуди на живот во сиромаштија затоа што 5 милијарди долари украдоа од џебот на овие осиромашени граѓани и ги изнесоа на свои сметки по рајски земји!

Јас, почитувани граѓани го предводам тимот на Изборна единица 3 заедно со идниот премиер Зоран Заев и одлучно сме решени ПАРИТЕ НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ!

И вашите украдени пари од власта ќе ги вратиме назад кај вас граѓаните! Со нив ќе ја искорениме сиромаштијата што Никола Груевски ја остава во наследство! Ќе има бројчаник, вети идниот премиер Зоран Заев и ќе го одбројува секое ваше украдено евро! – потенцираше Николовски и понатаму ги презентираше дел од мерките од програмата на СДСМ:

“Најпрво ќе им помогнеме на најзагрозените. Ќе ги извлекуваме граѓаните и семејствата од сиромаштија. Тоа е нашиот ПЛАН за живот втемелен на солидарност затоа што нам Секој човек ни е важен!

Tрајно ќе го решиме проблемот на стечајните работници.

Ќе воведеме Програма за адекватен минимален приход. Секое четиричлено семејство кое живее во сиромаштија и не остварува никаков друг приход ќе добие 12.000 денари месечно. Оние семејства што остваруваат помал приход од 12.000 денари ќе ја добијат од државата разликата до 12.000 денари.

Финансиски ќе ги поддржиме домашните фирми со 162.000 денари за да вработуваат граѓани од социјално загрозените категории и да исплаќаат бруто просечни плати.

И фирмите од текстилната и кожарска индустрија финансиски ќе ги помогнеме со 1.900 денари месечно за да можат да исплаќаат минимална бруто плата. И работниците од оваа индустрија имаат право да земаат достоинствена минимална плата еднакво како и останатите работници.

Нам секој човек ни е важен! И секој работник ни е важен!

Ќе го намалиме работното време за повозрасните работници!

ЌЕ ги заштитиме работниците со Регистар на професии коишто се изложени на определен степен на ризик, со цел да се креираат специфични мерки на заштита за секоја професија.” – вети пред своите сограѓани, Љупчо Николовски.

dsc_7228

“Тоа е ПЛАНОТ ЗА ЖИВОТ ШТО ГО УПЛАШИ НИКОЛА ГРУЕВСКИ затоа што овој план ќе донесе повисоки плати, минимална од 16.000 денари и просечна од 30.000 денари до крајот на мандатот и ќе ги извлекува граѓаните од сиромаштија.

Затоа Никола Груевски почна да измислува приказни за федерализации, кантонизации, за бакрачи! Нема да има кантонизација ќе има конфискација!

Е со таа конфискација ќе го заплениме криминално стекнатиот имот и ќе им го вратиме на граѓаните!

Како што лажеше Никола Груевски за странски служби, за жолти комбиња, лаже Груевски и за овие глупости ОД ФЕДЕРАЛИЗАЦИИ ШТО ГИ ИМА САМО ВО НЕГОВАТА ГЛАВА!

Вие сограѓани најубаво на своја кожа ги осетивте неговите лаги! Само овде во Крива Паланка излажа за 6.000 вработвања, а сега СЕ ЗАНЕЛ и ветува 70.000 вработувања!

Зборуваше за нов инвеститор и за 6.000 вработувања и ништо нема од тоа. Таму кај Ранковце ИМА само ископано земјиште и пустош!

Сега зборува за некаква федерализација и веќе знаете дека тоа е уште една негова новозмислена лага.

Овие лаги и сценарија и глупости излегоа на површина со изјавата на носителот на листа од неговиот коалиционен партнер ДУИ кој јавно кажа дека албанскиот јазик се спроведувал во сите државни институции па дури и дека УЧК ја водела Владата и Собранието на Р.Македонија!

Затоа Никола, слушни добро! Твоите лаги завршуваат на 11 декември! Вистината од којашто бегаш ќе те стигне! Конфискација ќе има за тебе, ама за граѓаните ќе има ЖИВОТ! Ете тоа ќе има! ЖИВОТ СО ПОВИСОКИ ПЛАТИ, ЖИВОТ СО НОВИ ДОБРО ПЛАТЕНИ РАБОТНИ МЕСТА, ЖИВОТ СО КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТЕН СТАНДАРД ЗА СИТЕ!

Уплашен е Никола од тоа што промените го носат за него и неговата фамилија и затоа измислува приказни за мали деца.

Почитувани сограѓани, на 11 декември ја носите одлуката за вашиот живот.

ЗАД параваните сте сами. Вие и никој друг. На 11 декември одлучувате дали ќе го продолжиме ова преживување или ќе избереме шанса за достоинствен живот во нашата земја!

За да има живот во Македонија оваа одлучност што извира од вашите очи да ја преточиме во гласачките кутии!

Овој народ е на страната на ЖИВОТОТ!

Затоа време е да излеземе сите и да гласаме за ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!” – заврши Николовски.

15380394_1403173813088794_6576241394603106562_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e