(ВИДЕО) 360˚Тахири: Потребно решение кое ќе ги надмине етничките идентитети и ќе биде прифатливо за сите граѓани

Во дебата на „360 Степени“, аналитичарот Сефер Тахири, зборуваше за преговорите за името и можното прифатливо решение за етничките Албанци во Македонија.

– Ние знаеме дека многу од државите, меѓу кои и државата за која зборуваме, Грција, нема исто именување внатре во својата држава, ниту Албанија. Во однос на словенското име, сум рекол и во друга прилика, можеби разни интелектуалци не го кажуваат бидејќи можеби веруваат дека ќе звучи популистичко. Секое решение кое би било прифатливо за македонскиот народ без да допира во идентитетот на македонскиот народ, и кога велам македонскиот идентиетет, пред се мислам на јазикот, културната традиција, историјата и така натаму… би било прифатливо за Албанците ако нема словенска претставка бидејќи меѓу нив би било и употребата на името на словенски начин или на еден јазик, односно македонски јазик бидејќи тоа би немало смисла. Јас сум рекол и во други дебати, ние како општество и внатрешна јавност имаме шанса да докажеме дека можеме да го поминеме рубиконот на етноцентризмот кога сме кај името. Што значи ова? Значи дека ние треба да најдеме решение кое ќе ги надмине нашите етнички идентитети и ќе има име кое ќе биде прифатливо за сите граѓани, меѓу кои Горна Македонија во верзија на македонски јазик и само македонски јазик, за внатрешна и надворешна употреба не е прифатливо бидејќи не ја рефлектира мултиетничноста на земјата – рече Тахири.

Тој се осврна и на дебатата во врска со идентетот за којашто вели дека се случува манипулација со јавноста бидејќи во преговорите единствено се зборува за државјанството, а не за нација од етнокултурен аспект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e