(ВИДЕО) 360˚Темпирана бомба во Охис – линдан пронајден кај 8-год девојчиња кои предвреме влегле во пубертет

Сите што треба, знаат дека во дворот на некогашниот гигант Охис во Скопје лежи темпирана бомба, но за нејзино деактивирање досега не е направено речиси ништо, објави “360 Степени”.

Иако во последните месеци се видливи први срамежливи чекори за отстранување на опасниот линдан и другите токсични супстанци, проценките се дека деконтаминацијата ќе трае најмалку 15 години.

За последниците од досегашното неделување може само да се претпоставува, врз основа на спорадичните анализи направени во изминатиот период, кои, на пример, откриваат присуство на линдан во крвта на девојчиња кои предвреме влегле во пубертет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ