Ветената мерка „зелена нафта“ за земјоделците од наредната година

Со мерката „зелена нафта“ се очекува да се ублажи ударот за земјоделците од зголемувањето на акцизата за нафтата. На вчерашната владина седница е постигната согласност за измена во Закон за земјоделство и рурален развој. Од министерството за земјоделство информираа дека имаат пари за реализирањето на оваа мерка во текот на следнава година. Владата донесе и одлука за дополнителни два денари субвенција за килограм предадено грозје во регистрирани македонски винарски визби. Дополнителна субвенција ќе има и за производителите на ориз од 18 илјади денари по хектар. На околу 240 сточари ќе им се исплатат вкупно 15 милиони денари за штетите од угинатиот добиток од болеста јазлеста кожа. Со програмата за рурален развој ќе се започне со потпишување на договорите со млади земјоделци кои ќе добијат поддршка од 10 илјади евра.

Во буџетот на Министерството за земјоделство има пари за набавка на гориво за земјоделска механизација и владата оваа мерка ќе ја реализира следната 2018 година. Во министерството за земјоделство во завршна фаза се анализите за трошоците поединечно за секоја земјоделска култура. Оваа мерка е од големо значење за земјоделците бидејќи ќе придонесе за драстично намалување на трошоците во производството.“ – изјави Соња Јанковска – Портпарол на МЗШВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e