В.д претседателката на Основниот суд Скопје1 поднесе оставка

Судијката Татјана Михајлова, која ја извршуваше функцијата вршител на должност претседател на Основниот суд Скопје 1, денеска попладне поднела оставка, дознава „Утрински весник“.

Кои се причините за оставката засега не се познати. Ваквиот потег следи откако повеќемина судии поднесоа жалби до Врховниот суд во врска со годишниот распоред кој го изготви токму Михајлова, со кои тие без консултација беа прераспоредени на нови работни места. Неодамна на седуммина од осумте судии, Врховниот суд им ги прифати жалбите и ги врати на нивните стари работни места.

Михајлова ја извршуваше функцијата в.д. претседател на кривичниот суд, откако на поранешниот претседател Владимир Панчевски му истече мандатот на 4 декември минатата година, но тој сега повторно се кандидира за истата позиција.

Извор: Утрински весник

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e