Унапредување на работничките права на вработените во шумската полиција

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на вчерашната седница ја разгледа информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку колективен договор на вработените во шумската полиција.

Владата го задолжи Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во рамките на своите буџетски можности да пренамени средства од својот буџет и да обезбеди средства за обврските согласно содржината на информацијата бидејќи припадниците на шумската полиција припаѓаат во групата на овластени службеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e