Тоневски тврди дека не постои пријава за обид за силување

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски реагираше на веста објавена на 24 Вести:

Згрозен сум од прилогот на Телевизија 24 вести за наводен обид за силување на вработена во општината. Во целост ги демантирам сите искажани наводи во прилогот на споментиот медиум.

Тврдам дека не постои никаква пријава за обид за силување бидејќи такво нешто воопшто се нема случено. Ова е само обид за нарушување на мојот личен и политички углед, но се надевам дека во текот на утрешниот ден со официјалните информации од надлежните служби сето ова ќе биде расчистено. – напиша на Фејсбук Тоневски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e