Телохранители на Мијалков го нападнале пратеникот Мухамед Зекири

Синоќа во кафулето Дион на скопскиот кеј лица од обезбедувањето на екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, физички го нападнале пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири.

– Јас со пријатели имав резервирано маса во Дион и дојдовме таму. Дојде едно лице и ни рече напуштете го веднаш локалот, непожелни сте, има приватна забава. Се обидов на лицето да му објаснам дека имаме резервирано маса но тој ја преврте. Потоа почнааа со туркање да ме вадат надвор а забележав дека во локалот е Сашо Мијалков. Еден од лицата извади полициска значка а друг од позади ме удри. Јас и пријателите излеговме и случајот го пријавив во полиција – изјави за Либертас нападнатиот Зекири.

Инцидентот го предизвика обезбедувањето на Мијалков, а тој директно го побара тоа од нив, тврди нападнатиот пратеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e