Стигнаа првите резултати од договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија

Само еден ден по потпишувањето на договорот за добрососедство бугарската влада презеде мерки за укинување на рестрикциите за запишување на македонски студенти на бугарските универзитети.

Министерот за образование Красимир Вулчев објави дека Бугарија 20 години спроведува политика на привлекување на студенти од Македонија на високо-образовните институции во оваа земја но отсега уште полесно македонските студенти ќе можат да студираат во оваа земја.

„Во последниве 2 години го золемивме бројот на македонски студенти што можат да се запишат во Бугарија а догодина најверојатно ќе бидат укинати рестрикциите за упис“, изјавил Вулчев, што значи дека секој што ќе посака ќе може да се запише на факултет во Бугарија.

За оваа програма на бугарската влада да биде успешна се најавуваат и стипендии за македонските студенти во висина од 150 до 200 бугарски левови или од околу 75 до 150 евра месечно.

Бројот на бугарското население во последниве десетина години е намален за над еден милион луѓе а според статистичарите од падот на комунизмот досега од 9 милиони луѓе земјата сега има 7 милиони жители. Секоја година се намалува и бројот на студенти и ученици што е карактеристика на сите балкански земји вклучитело и Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e