Средба Заев-Бејли: Поддршка за реформите и за аспирациите на Македонија за членство во НАТО

На денешната средба претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и амбасадорот на САД во земјава Н.Е. Џес Бејли, ги потврдија пораките пренесени на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба одржан на почетокот на месецов во Подгорица, со кои се зацврстуваат евро-атланските перспективи на земјава.

На средбата со амбасадорот Бејли, беа реафирмирани пораките од билатералната средба на премиерот Заев со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, дека Република Македонија може да смета на поддршката на САД за членство во Северноатланската алијанса.

Премиерот Заев и амбасадорот Бејли, дискутираа и за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка кој го потпишаа Република Македонија и Република Бугарија и оценија дека истиот претставува основа за проширување и унапредување на постојната соработка на земјите од регионот, како и тоа дека овој договор ги зајакнува напорите на Македонија за побрза интеграција во Европската Унија.

На средбата се разговараше и за реформските активностите на новата Влада на Република во првите месеци од формирањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e