Спасовски на глобалниот самит “Агенда 2030 за децата: самит за изнаоѓање на решенија за искоренување на насилството“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на  покана на Владата на Кралството Шведска учествува на дводневниот (14/15.02) глобален самит насловен како: “Агенда 2030 за децата: самит за изнаоѓање на решенија за искоренување на насилството“ што во организација на Владата на Кралството Шведска и меѓународната организација “Глобално пријателство“ се одржува во Стокхолм.

28125660_10213879990026316_1065082274_o

На Самитот присуствуваат високи претставници од речиси сите земји членки на Обединетите нации, како и претставници на УНИЦЕФ,  Светската здравствена организација и повеќе реномирани меѓународни невладини и други организации, а е поделен во повеќе работни сесии, на кои што низ повеќе аспекти се дебатира и се носат одлуки за изработка на концизна стратегија за конечно искоренување на насилството врз децата.

Инаку, Република Македонија како потписник на Конвенцијата за правата на детето и повеќедецениски партнер на УНИЦЕФ , во рамки на правниот систем имплементираше низа законски и подзаконски акти во насока на заштита на децата и унапредување на нивните права, вклучително и преку Законот за правда на децата.  Имајќи го сето тоа во предвид Република Македонија ќе продолжи и понатаму да им обезбедува на децата заштита и грижа кои се неопходни за нивната благосостојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ