Случај “Тифани”: Ивона Талевска призна дека затајувала данок

Денеска во судот, новинарката Ивона Талеска, призна вина за кривичното дело даночно затајување кое Специјалното јавно обвинителство и го става на товар во случајот „Тифани“.

Елена Јосифовска, обвинителка на СЈО, побара осудителна пресуда и плаќање на избегнатите обврски. Судија во овој предмет е Софија Лаличиќ.

Според СЈО, Талевска од 2008 до 2014 година, како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ во завршните сметки давала лажни податоци, при што одбегнала да плати 2.314.463 денари или 37.634 евра преку фирмите и 1.040.840 денари или 16.924 евра личен данок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e