СЈО за 24 Вести: Тајна е кои функционери наредните денови ќе се појават на распит

Во интерес на истрагите, тајна ќе остане кои функционери во кои денови и за кои предмети ќе се појават на распит во СЈО, но тоа и натаму ќе се одвива со зголемена фреквентност, потврдуваат од обвинителството на Катица Јанева за 24 Вести.

Вчера пред тимот на Јанева се појавија лидерот на ДПА, Мендух Тачи, Силвана Бонева која е член на ДИК од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, првиот човек на ПЦЕР Самка Ибраимовски и Арифхикмет Џемаили, кој како кадар на ДПА беше министер за култура од 2006 до 2008.

За неполни десет дена, пред специјалните обвинители се појавија градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска и Тони Јакимовски, поранешен прв човек на кабинетот на Сашо Мијалков.

Целиот прилог погледнете го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e