СЈО: Јанкулоска ќе си ги види доказите кои се против неа

– Увидот во доказите е право на странките во постапката и ние тоа им го предочуваме на лицата кои се повикуваат да дадат исказ. На осомничената и беше предочено дека има право на увид и таа го знаеше тоа и го потпиша записникот. Увидот во доказите е договорено да започне оваа недела – изјавија од СЈО за Мета.

Јанкулоска денеска по излегувањето од СЈО, каде беше повикана на распит, изјави дека таа и нејзиниот адвокатски тим побарале одложување на распитот бидејќи, како што рече, не биле исполнети минималните услови и „процесно-правни стандарди“. Како што појасни, таа побарала да и бидат дадени на увид доказите и документите врз основа на кои е осомничена за да знае за што точно се товари.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e