СЈО ги обжали одлуките за парични казни

„Денес до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесени се жалби против одлуката на Судот со која на мене и на јавниот обвинител Фатиме Фетаи ни беа изречени парични казни кои може да ги преземете тукаи тука. Сметаме дека одлуката е незаконска, поради што го искористивме правото на жалба.“ – истакна денес Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Примерокот од Записникот на Судот од одржаното рочиште може да го преземете тука, додека примерокот од доставените жалби до Судот може да ги преземете тука и тука.

Воедно, ве известуваме дека против судиите Александра Поп Стефанија и Лидија Петровска до Советот за утврдување на факти се поднесени иницијативи – претставки за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судската функција, кои може да ги преземете тука и тука.

Во оваа прилика сакаме да укажеме и на несоодветната соработка на Здружението на јавните обвинители на Република Македонија со ова Јавно обвинителство. Имено од страна на Здружението на јавни обвинители оневозможено е на Годишното собрание на Здружението да присуствуваат тројца претставници на ова Јавно обвинителство. Така, дописот со кој се известуваме за одржување на Собранието е од 13.02.2017 година, а е испратен преку препорачана пратка во пошта на ден 24.02.2017 година во 12:13 часот, иако самата седница на Годишното собрание е закажана токму за 24.02.2017 година со почеток во 12:30 часот, стои во соопштението од СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e