Шилегов: Резултатите се јасни, имаме победа во првиот круг, Македонија доби главен град кој поврзува

Изјава за медиуми,
Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје
Скопје, 16.10.2017
Почитувани,

Им честитам на граѓаните на Скопје за одважноста, храброста и одлучноста што ја покажаа и што гласаа за заокружување на промените и за живот за сите во Скопје.

Новото Скопје, повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред.

Резултатите се јасни, во Скопје имаме победа во првиот круг.

Ви ја честитам победата, вам на сите граѓани на Македонија, победа со која СДСМ и коалицијата ги потврдија промените и во Скопје.

Вака изгледа Скопје, вака изгледа Македонија кога се гласа без притисоци, слободно и демократски.

Македонија добива главен град кој поврзува, главен град кој работи за граѓаните.

Овој резултат за мене претставува голема чест но и уште поголема обврска.

Од првиот ден ќе се зафатиме со решавање на најгорливите проблеми на градот Скопје, загадувањето, зеленилото и сообраќајот.

И граѓаните многу бргу ќе можат да ги видат промените.

Новата градска администрација што ќе ја предводам, ќе биде сервис на граѓаните, ќе работат и ќе се водат исклучиво од нивните потреби.

Најавивме ново време на одговорна, домаќинска и транспарентна власт и ова станува правило во цела Македонија.

Уште еднаш, им благодарам на сите граѓани на Скопје, на сите политички партии кои учествуваа на изборите, на сите институции што овозможија слободни и демократски избори, на сите членови и сите волонтери на СДСМ и коалицијата, кој несебично се вложија во оваа изборна кампања.

На овие избори победија граѓаните, победи Скопје, победи цела Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e