Шилегов: Градот нема правен допир за споменикот на УЧК во Чаир за чие поставување асистираше ВМРО

Во интервју за „360 Степени“, Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, зборуваше за отстранувањето на споменикот на Андон Јанев-Ќосето.

ТМРО ве праша дали ќе го тргнете и споменикот на УЧК во општина Чаир за кои тие тврдат дека е нелегално, незаконски поставен.

– Оној истиот каде што тие асистираа да биде поставен, така? ТМРО и ВМРО тогаш беа коалициони партнери, да не се лажеме, и јавноста добро го знае сценариото. Градот Скопје лично во таа постапка нема правен допир. Ниту се појавува како инвеститор, ниту како поставувач и затоа не можете да извлечете паралела помеѓу постапувањата на градот во уривањето на дивоградбата наречена Ќосето и споменикот во Чаир на УЧК. Тоа е работа на општинските органи на Општина Чаир, не е ингеренција на градот и на Министерството за транспорт и врски. Очигледно е дека повторно станува збор за евтин популизам и примитивизам во политиката за популистички цели, за да се изедначи една легална, законска постапка, со нешто што треба да даде слика на еднаквост – рече Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e