Села: Предлогот на Груевски за малцинска влада значи федерализација на Македонија

Претседателот на ДПА-ДР и Алијансата за Албанците, Зијадин Села смета дека предлогот на Никола Груевски за малцинска влада значи директен чекор кон федерализација на Република Македонија. Овој став Села го рече во емисијата Клик Плус

„Предлогот на Никола Груевски кон СДСМ, да се направи малцинска влада, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, со кој заедно би имале 100 пратеници, ќе значи федерализација на Македонија. Што тоа ќе им значи  на Албанците, да учествуваат на избори и да работат во Собранието кога владата ќе биде составена само од Македонц“, рече Зијадин Села во емисијата Клик Плус.

„Груевски побара од Заев да се откаже од како што ја нарекува Тиранската платформа и потоа ќе му биде поддржана владата без ниту еден функционер во неа на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не значи дека барањата на албанските партии магично ќе исчезнат“, додаде Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e