Села денеска ќе сведочи на суд како крваво го претепаа на 27-ми април

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржи ново рочиште за нападот врз лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој на 27-ми април беше крваво претепан од демонстрантите кои влегоа во Собранието.

На денешното рочиште Села треба да сведочи за обидот за убиство кој беше извршен врз него.

На претходното рочиште адвокатот на Зијадин Села побара отштета за својот клиент во висина од 30 милиони денари. Средствата што се бараат како отштета се за материјалните трошоци за лекувањето на Села, како и за претрпената физичка болка, повреда на личниот интегритет и за претрпен страв.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e