Седницата на ад-хок телото се откажа – претставниците на Вмро-Дпмне не дојдоа

Комисија за следење на медиумското преставување денес не успеа да се состане за да го избере петтиот нејзин член. Причина е отсуството на членовите предложени од владејачката Вмро-Дпмне, Чилиманов и Димишкова.

Во согласност со договорот меѓу четирите партии, петтиот член треба да биде Албанец, а за него треба да постигнат консензус веќе избраните четворица членови.

Инаку, синоќа на полноќ истече рокот кој го договорија политичките партии а во кој ад-хок телото требаше да биде комплетирано.

Од овој договор ќе зависи и тоа дали на 31 август лидерите ќе стават потпис за избори во декември.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e