СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Трајановски имаа два мандата да изградат мост на Вардар, но наместо тоа потрошија милиони евра за палми и споменици

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лицемерното однесување преку кое нанесува штети врз интерерсите на граѓаните.
Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ имаа цели два мандата да го изградат мостот на Вардар којшто ќе ги спојува општините Гази Баба и Аеродром. Наместо тоа, решија расипнички да потрошат стотици милиони евра на споменици, палми, лажен барок и криминални тендери за богатење на поединци, додека илјадници граѓани на Скопје се соочуваа со недостиг на основи услови за нормално функционирање.

Изградбата на мостот во Керамидница е во интерес на граѓаните на Скопје, особено на жителите на Аеродром и Гази Баба.

Граѓаните ја чувствуваат разликата помеѓу одговорниот, домаќински и транспарентен пристап на градската адмиистрација предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов и расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Трајановски кои од Скопје направија нефункционален и загаден град, стои во реакцијата од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e