СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шири само лажни вести и ништо друго

За време на своето владеење, ВМРО-ДПМНЕ 11 години се служеше со лажни вести и пропаганда преку коишто ги промовираше своите политики на омраза, поделби и конфликт.

ВМРО-ДПМНЕ ширеше лажни вести и пред локалните избори, кога ја вознемируваше јавноста со наводна изградба на кампови за мигранти коишто никогаш не се случија.

И денес како опозиција, единствениот начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ се лажните вести преку кои се обидува да создаде нови, вештачки поделби во општеството.

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот и Амандманот 5 донесени во 2001 година и со него не губи никој туку добива Македонија која се гради како едно општество за сите.

Во Штип, во Кочани, во Берово, никој не мора да зборува албански јазик, тоа се лаги пласирани од ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се откаже од политиките на поделби и конфликт што беа поразени од граѓаните.

Тоа е во интерес на државата и на сите граѓани, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e