СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Владата се грижи за тутунарите

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работат на развој и унапредување на земјоделството, па затоа шири лажни вести.

Не е точно дека се крати земјоделскиот буџет, ВМРО-ДПМНЕ лаже.

Не само што нема никакво кратење, туку има и значително зголемување на земјоделскиот буџет, кој со сите фондови, обезбедува преку 160 милиони евра за земјоделството. Во нив спаѓаат и ослободената јапонска помош од шест милиони евра, пет милиони евра европски пари за мали системи за наводнување, како и 20 милиони евра за продолжување на проектот Јужновардарска долина.

Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги промени фактите: за првпат по подолг период има неселективно и навремено исплаќање на субвенциите, тутунарите за реколтата 2017 година добиваат рекордна просечна цена од 217.5 денари за килограм тутун и се гради партнерски однос со тутунопроизводителите. Потврда за тоа е вчерашната трибина во Прилеп на која присуствуваа над 1300 земјоделци од прилепскиот регион.

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за земјоделство бидејќи со погубните политики го уништи земјоделството, го погази трудот на земјоделците, а во периодот од 2006 до 2017 година, Македонија двојно го зголеми увозот на храна, со што стана неконкурентна земја, зависна од увоз.

Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство продолжуваат да работат отчетно, одговорно и посветено во интерес на граѓаните, стои во реакцијата од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e