СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски се против повисока минимална плата!

Со своето лицемерно и деструктивно дејствување во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи спротивно од интересите на граѓаните.

Наместо да ги поддржат законите што носат придобивки за сите граѓани, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со честите паузи и бесцелни реплики и денеска, како и претходно ја кочат постапката за предвидените закони што носат поголема минимнална плата, решавање на проблемот со стечајците и укинување на радиодифузната такса.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не сака работниците да добиваат повисока минимална плата од 12 000 денари, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не сакаат работниците од текстилната, кожарската и индустријата за обувки да добиваат идентична законска мининална плата како и вработените во другите индустрии.

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не дозволуваат трајно да се реши статусот на околу 3.500 стечајни работници и тие да добиваат по 7596 денари месечно.

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски не дозволуваат да се укине радиодифузна такса и домаќинствата да се ослободат од плаќање на оваа давачка што во минатото остави илјадници граѓани со блокирани сметки.

Со ваквото однесување ВМРО-ДПМНЕ само го потврдува фактот дека за нив не се важни интересите на граѓаните, туку се грижат единствено за тесно-партиските интереси и благосостојбата на раководството на опозициската партија. Затоа ВМРО-ДПМНЕ денес е во опозиција и зато ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе загуби на локалните избори кога граѓаните ќе го казнат нивното лицемерно и деструктивно делување.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ нема да дозволи граѓаните да бидат заложници на интересите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Предвидените законски измени што се ветени пред граѓаните, наскоро ќе станат реалност. Ќе има и повисока минимална плата, ќе има месечен надоместок за стечајците, ќе се укине и радиодифузната такса без разлика дали тоа им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e