СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните, партијата убедливо ќе загуби на изборите

Единствен квалитет на предложените кандидати е тоа што се продолжена рака на Никола Груевски и што ревносно го следат примерот на нивниот шеф за коруптивно и расипничко владеење.

Со понудата на кандидати за градоначалници, се потврдува дека опозициската партија нема сили и капацитет да се ослободи од криминалот во своите редови и да се извлече од стегите на Груевски. Повеќето од кандидатите кои повторно ќе бараат поддршка од граѓаните, за време на своите претходни мандати ги опустошија општините и ги осиромашија граѓаните. Со таквите кандидати, ВМРО-ДПМНЕ ги потценува и понижува граѓаните.

Крадоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат ништо освен криминал, корупција и неспособност. На претстојните локални избори граѓаните ќе го казнат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и ќе дадат силна поддршка на чесната понуда на СДСМ и коалицијата, со што ќе стават крај на криминалното, неодговорно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e