СДСМ: Владата ќе спроведува мерки со кои ќе се подобри квалитетот на воздухот

Владата предводена од СДСМ, заедно со парламентарното мнозинство, граѓанските организации и стручната јавност започнува активно да работи на системски решенија со кои ќе се подобри квалитетот на воздухот во Скопје и во останатите градови во Македонија

Преку интересорска работна група составена од повеќе институции, активно ќе се следи состојбата на амбиентниот воздух и ќе се дефинираат препораки и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

Наместо популистичкиот и пропагандистички однос на владите на ВМРО-ДПМНЕ кон ова прашање, Владата предводена од СДСМ, преку транспарентен, одговорен и инклузивен процес, ќе спроведува мерки базирани на реални параметри и податоци преку кои на краток и долг рок ќе се подобрува квалитетот на амбиентниот воздух.

Зголемување на бројот на корисници на системите за централно греење, поддршката на централен систем за греење на природен гас, зајакнување на контролите на цврстите горива, како категоризацијата на возилата согласно ЕУРО стандардот, ќе бидат само дел од мерките преку кои континуирано ќе се работи на подобрување на квалитетот на воздухот.

Владата предводена од СДСМ продолжува преку одговорен, домаќински и отчетен пристап да ги спроведува реформите што обезбедуваат чист воздух, чиста вода за пиење и здрава животна средина за сите граѓани. По победата на СДСМ на локалните избори, таквото работење ќе продолжи и на локално ниво, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e