СДСМ: Тодоров како и Груевски е минато, за здравјето на граѓаните ќе се грижи нова Влада!

Нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија ќе го крене уништеното јавно здравство и со совесни мерки и политики ќе го штити здравјето на граѓаните.

10 години Никола Тодоров и Никола Груевски експериментираат со здравјето на граѓаните за тендер политики и лична корист на неколкумина во врвот на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓу нив главни се Груевски и Тодоров.

Болниците се без основни услови за работа, без лекови и без медицински материјали, со апарати што или не работат, или не се користат или стојат во кутии неупотребени. Пациенти чекаат по ходници и умираат. Лекарите и медицинските работници масовно бегаат во странство.

Ова го покажа и ревизорскиот извештај во којшто е наведено дека е набавена медицинска опрема што отстапува од потребите наведени во тендерите, дека власта доцни со плаќање на опремата, за што граѓаните плаќаат и дебели камати, дека набавена е скапа опрема за којашто нема просторни услови, ниту обучени кадри и дека на опремата што стои неискористена во кутии ѝ поминуваат гарантните рокови.

И Тодоров како Груевски е минато.

Не поминуваат кај граѓаните повеќе стопати кажаните лаги.

Мнозинството од граѓаните на 11 декември гласаа за промени и живот.

Нова одговорна влада ќе се грижи за здравјето и потребите на граѓаните. – стои во соопштението од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e