СДСМ: Стапката на криминал се намалува, заврши времето на МВРО-ВМРО и обидите за сокривање убиства

ВМРО-ДПМНЕ поворно лаже, стапката на криминал се намалува, додека истовремено значително е зголемен процентот на откриени односно расчистени кривични дела.

Доколку се споредат статистиките од времето кога МВР беше МВРО-ВМРО и сега, по промените и ослободувањето на оваа значајна институција, ќе се види дека целосна лага е дека има зголемување на криминалот.

Разликата е и во тоа што порано се криеја убиства, разбојништва и кражби, а сега надлежните институции, меѓу коишто и МВР транспарентно ги информираат граѓаните за било каков вид на криминал, но и за расчистување на делата.

Вистинската борба против криминалот ги дава првичните резултати.

Тоа што дел од разбојниците и по одлежаните затворски казни се враќаат да ги повторуваат делата е резултат на фактот што со години од ВМРО-ДПМНЕ не беше преземено ништо за реформа на казнено поправните установи и за ресоцијализација на осудените лица.

Освен засилената борба против криминалот, опремувањето на полицијата и подобрување на условите за работа на полициските службеници неопходна е и реформа на казнено поправните установи. За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога институциите се обидуваа да сокриваат убиства, денес, Министерството за внатрешни работи, како и останатите институции работат професионално, транспарентно, одговорно и во интерес на безбедноста на граѓаните и државата, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e