СДСМ Штип: Неспособноста на локалната власт ги остави штипјани без вода за пиење

Прес конференција, ОО СДСМ Штип
Јане Миланов, советник од СДСМ и коалициските партнери
Штип, 16.01.2017 год

Почитувани граѓани и претставници на медиумите,

Во изминативе десетина дена на виделина излезе неспособноста на локалните власти и одговорните лица во јавните претпријатија кога станува збор за решавање на реалните проблеми на граѓаните.

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обиде да го манипулира сопствениот народ,тврдејќи дека ги презеле сите неопходни мерки за расчистување на патиштата и тротоарите, небаре граѓаните не гледаат дека и по десет дена од првиот снег улиците сеуште не се расчистени.

Како ова да не беше доволно, па локалната власт и директорот на ЈП Исар, Ангел Бојаџиев, реши да воведе рестрикција во водоснабдувањето на температури кои достигнаа и до -20ᵒ. 70 % од населението во Штип веќе со денови е оставено без вода за пиење што дополнително ги влошува и онака неподносливите услови во кои се наоѓаат.

Ваквиот чекор на ЈП Исар предизвика замрзнување на водоводот и доводот во огромен број на домаќинства, поради што граѓаните сега се соочуваат со испукани цевки, поплавени домови, прегорени апарат за домаќинство за чија поправка и санација ќе треба да издвојат десетици илјади денари.

Барањето на советничката група на СДСМ за пренамена на средства од буџетот на општината со цел да се обезбедат неопходните материјали за расчистување на патиштата во зимски услови за кое беше свикана и итна седница , без размислување беше одбиен од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквиот несериозен пристап на локалните власти кон реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, отвора сомневање дека ова е нивниот начин да им се одмаздат на штипјани затоа што на предвремените парламентарни избори кои се случија на 11 декември, граѓаните недвосмислено кажаа дека бараат промени. Граѓаните избраа план за живот!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e