СДСМ: Секој кој правел криминал ќе одговара, знае Груевски!

Никола Груевски и неговите соработници имаат сериозен проблем затоа што се препознаваат себеси во секој за кој постои сомнеж дека е дел од какви било криминални активности.

Затоа Груевски и соработниците имаат потреба несовесно да напаѓаат за поврзаност таму каде што не постои.

Да беше убеден во тоа што го зборуваше денеска соработникот на Груевски, Дарко Костовски, немаше да поставуа прашања, со оглед дека институциите се сеуште под контрола на кадри на ВМРО-ДПМНЕ туку ќе изнесеше тврдења.

Но јасно е дека станува збор за фотографија од отворена средба со граѓани во изборна кампања, каде што секој може да присуствува.

Ја охрабруваме полицијата да го расчисти случајот до крај и секој кој работел спротивно на законот да понесе соодветна одговорност.

Ставот на СДСМ е кристално јасен, во Македонија мора да има и ќе има правда! Секој кој правел криминал и злоупотреби врз граѓаните мора да одгвоара! – стои во реакцијата од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e