СДСМ: Обвинетот Груевски и соработниците како Спасов за се што направија, брзо ќе одговараат!

Никола Груевски и неговите соработници како Диме Спасов во ВМРО-ДПМНЕ се многу опасни по животот и безбедноста на граѓаните и не смеат повеќе да ја водат државата!

Сите овие луѓе од ВМРО-ДПМНЕ не само што со леснотија ја признаа вината на Спасов, туку покажуваат врвна неодговорност за што ќе одговараат!

За Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, тоа што Спасов дивеел по улици, пијан уништувал возила по пат, а можело да бидат и деца, со службен џип надвор од работно време, од институција во која тој не работи – е само “сообраќајна незгода со материјална штета од 150 евра!“.

Поради таквите како Спасов во ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и фамилијата, од негрижа беше оставена да умре малата Тамара.

Поради овие неодговорни политичари и нивното опкружување, до смрт е претепан Мартин Нешковски.

Оваа власт што со крв го почна својот мандат, ќе биде казнета од граѓаните на 11 декември кои ќе изберат живот во Македонија. – стои во соопштението од СДСМ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e