СДСМ: Мнозинството граѓани не и веруваат на Владата, доаѓаат промени

Граѓаните на Република Македонија немаат доверба во ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски поради погрешните политики и криминалните активности што ги спроведуваат.

Последното истражувањето што го спроведе европска агенција за испитување на јавното мислење, Евробарометар, покажува дека дури 62% од граѓаните не и веруваат на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ и сметаат дека моменталната состојба е лоша, пишува во соопштението на СДСМ.

Од друга страна, расте довербата на граѓаните во Европската унија.

Лошатата финансиската состојба на граѓаните, невработеноста, немањето просперитет, оддалечувањето од интеграциските процеси и лошите услови за живот се главните причини за недовербата во владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е очекувано имајќи в предвид дека криминалната власт во заминување ја оддалечи Македонија од евроинтегративниот пат, ги осиромаши граѓаните, мислејќи само на сметките од рајските даночни дестинации.

Јасно е. На Македонија и се неопходни демократски промени за подобар живот и промените ќе се случат на следните кредибилни избори, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e