СДСМ: Мицкоски да се извини за поделбите и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ

Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за заробена држава, бидејќи Македонија со години беше карактеризирана како заробена држава токму поради нивното криминално владеење.

СДСМ, заедно со мнозинството граѓани ја ослободи заробената држава, а слободата дојде за сите подеднакво, како за либералите и демократите, така и за конзервативците и националистите.

ВМРО-ДПМНЕ е партија заглавена во национализам и поделби. ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира во услови на слобода, и затоа и мора да се одважи и да го ослободи своето членство да учествува во демократските процеси.

Мицкоски треба да и се извини на Македонија за тоа што ВМРО-ДПМНЕ ја однесе државата во колапс и во кавга со целиот демократски свет, стои во реакцијата од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e