СДСМ: Иванов да го даде мандатот, Програмата на новата реформска Влада е гаранција за унитарноста

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените коишто работат спротивно на државните и национални интереси на граѓаните на Р.Македонија, преку конфликтите, насилството и инцидентите што ги предизвикуваат со домашната и меѓународната демократска јавност, во обид да се спасат од одговорност за сторените криминали и злоупотреби.

Граѓаните побараа нови реални политики кои ќе им овозможат достоинствен живот, повисоки плати и квалитетен животен стандард.

Програмата на новата реформска Влада ја гарантира унитарноста на државата и обезбедува развој и напредок на земјата.

Затоа Ѓорге Иванов е должен да го почитува Уставот, да го даде мандатот на претседателот Заев, кој обезбеди 67 потписи за формирање Влада и да овозможи мирен трансфер на власта, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e