СДСМ: Ископот на јаглен е за 40 отсто поевтин од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ раководеше со ЕЛЕМ и РЕК Битола

ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиешто владеење ќе остане запаметено по расипништво и милионски криминални тендери, очајно продолжува да шири лажни вести.

Последна лажна вест е дека се платени двојно повисоки цени за ископ на јаглен во РЕК Битола. Според јавно достапните информации, цената за ископ изнесува 88 денари по гига џул, што е за 40 отсто помалку од претходната цена од 144 денари по гига џул колку што претходно им биле плаќани на „Трансмет“ и бизнис партнерите на Никола Груевски.

Наместо да шири лажни обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто за време на нивното владеење, кога со РЕК Битола и ЕЛЕМ раководеа нивни кадри, цената за ископ била толку висока и каде завршувале парите од разликата меѓу реалната и напумпаната цена.

Заврши времето на партизиирање на државните компании кои функционираа како фирми на ВМРО-ДПМНЕ. Новите раководства на ЕЛЕМ, РЕК Битола и останатите државни и јавни претпријатија работат домаќински, одговорно и во интерес на граѓаните, а не во интерес на мала група поединци, како што беше случај за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e