СДСМ: Институциите мора да го слушаат и почитуваат гласот на граѓаните

Борбата против корупцијата и владеењето на правото се врвни вредности и приоритети на СДСМ.

Институциите, локалните власти, но и граѓаните, имаат должност да се справуваат со предизвиците што ги создава корупцијата.

Секој носител на јавна функција има одговорност кон граѓаните. Надлежните институции мора да го слушаат и почитуваат гласот на граѓаните и да практикуваат професионален и достоинствен однос кон нив. Оттаму, тие се должни да постапуваат и да го санкционираат секое коруптивно однесување, без разлика кој е сторителот и каков вид функција извршува.

Во борбата против корупцијата нема и не смее да има привилегирани поединци и групи. Секој кој преку корупција, за лични или партиски цели, работи спротивно на интересите на Република Македонија и нејзините граѓани, ќе мора да се соочи со одговорност.

Македонија мора да има нулта толеранција кон корупцијата. Во Македонија мора да има владеење на правото. Тоа им го должиме на граѓаните коишто ни ја дадоа довербата.

Особено важно е и граѓаните да ја пријават секоја злоупотреба и секој вид на корупција, ослободени од какви било стравувања и без какви било последици, стои во соопштението од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e