СДСМ: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдија дека не сакаат слободни медиуми

“Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдија дека не сакаат ослободување на медиумите од притисоците на власта. Во соопштение повикуваат ад хок телото да се ослободело од притисоци, а тоа е формирано токму за да се спречат контролата, притисоците и корумпирањето на медиумите од Груевски и власта.

ВМРО-ДПМНЕ ја препишала од соопштението на СДСМ поддршката до членовите на ад хок телото да се избере петтиот член, но не успеале да смогнат сили да ги препишат и критериумите тој да биде експерт од медиумската сфера, признат и почитуван во новинарската професија како гаранција дека независно и слободоумно ќе постапува. Јасно е зошто на ВМРО-ДПМНЕ не му одговара таков член и очигледно е дека Груевски сака ад хок телото да го претвори во партиска марионета каква што е Агенцијата за медиуми.

За жал на Груевски, ова нема да успее. До крајот на оваа година ќе има фер и демократски избори по кои ќе почнат промените во Македонија и ВМРО-ДПМНЕ не може да го спречи тоа.” – реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e