СДСМ: Граѓаните наскоро ќе користат евтина тарифа на струјата секој ден

Владата предводена од СДСМ останува на својата цврста определба за спроведување мерки што ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните. Во таа насока, Владата предводена од СДСМ презема иницијатива и ги интензивира активностите за воведување евтина тарифа на струјата секој работен ден, по два часа.

Со тоа ќе се оствари една од клучните мерки од предизборнатата програма на СДСМ и од Програмата на новата Влада и тоа што е ветено наскоро ќе стане реална можност за граѓаните.

Со домаќинско и одговорно работење на државните претпријатија ЕЛЕМ и МЕПСО ќе се обезбедат услови за воведување евтина тарифа, со што мерката нема да наштети никому. Наместо ЕЛЕМ и МЕПСО да трошат милиони евра на ски-центри, фасади и рајски градини, парите ќе се пренасочат кон реалните потреби на граѓаните.

Домаќинствата наскоро ќе можат да ја искористат реалната потреба за евтина тарифа на струјата во текот на денот и за време на викендот. Сите граѓани ќе ги почуствуваат придобивките од оваа мерка што оди во прилог особено на социјално ранливите семејства и граѓани.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните. Предвидените мерки од програмата за која што гласаше мнозинството граѓани се реализираат посветено, отчетно и во интерес на сите граѓани, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e